Natur Premium
Тоа беше најавено на прес-конференцијата на тема „Треба да се отвораат очите, да се толкуваат разликите и да се внимава при изборот на храната" во организација на „Перутнина Птуј", која се одржа во ресторан „Воденица", во Скопје. Целта на конференцијата, беше да се подигне свесноста за важноста на изборот на квалитетна храна.
Постојано треба да се истакнува дека разликите во квалитетот на храната може да бидат многу големи
Тоа што го гледаме на полиците во маркетите доаѓа од различни средини и од различни производствени процеси. Иако навидум станува збор за исти прехранбени производи, разликата во квалитетот е голема, истакна Драгослав Коцевски, редовен професор на Факултет за Земјоделски науки и Храна.
На конференцијата уште се обратија и Нада Крајнц, советник на бордот на директори на „Перутнина Птуј"; Стефан Шишовски, директор на „Перутнина Птуј" – Скопје.
„Перутнина Птуј", која е со 110-традиција, е еден од ретките прехранбени системи во Европа со вертикално организирано производство и целосна следливост на потеклото на секој поединечен производ
Со воведувањето на повисок стандард во одгледувањето (стандард PPR) – одгледување кое е пријателски наклонето кон пилињата, направивме голем чекор напред во насока на современите трендови и одржливиот развој, истакна Крајнц, а Шишовски откри дека линијата на месо под брендот Natur Premium, која е развиена според новиот стандард, за 30-ина дена ќе пристигне и на македонскиот пазар.