Медени крилца и салата од зелка со горгонзола

За слатки денови по рецепт на експертите од списанието Добер тек.

Медени крилца и салата од зелка со горгонзола

За слатки денови по рецепт на експертите од списанието Добер тек.

Процес на подготовка

Најнапред ја подготвуваме салатата. Морковите ги миеме, ги лупиме и ги рендаме. Пашканатот го сечеме на тркалца и го ставаме во сад заедно со морковите, ренданата зелка и кромидот исечкан на ливчиња. Киселата павлака, мајонезот, оцетот, малку сол и бибер ги мешаме за добиеме мазен прелив. Го преливаме врз зеленчукот и добро промешуваме. Врз салатата посипуваме парченца горгонзола. До послужувањето јадењето го чуваме во ладилник.

Во поголема тава го загреваме маслото, а рерната ја загреваме на 60 °C. Маслото го мешаме со црвениот пипер, посолуваме и додаваме црн пипер и во таа смеса ги валкаме крилцата. Со парче леб проверуваме дали маслото е доволно загреано. Маслото ја достигнало потребната температура ако лебот којшто ќе го фрлиме внатре порумени за половина минута. Во него ставаме неколку крилца и ги пржиме околу 8 минути, за да станата крцкави и златно кафени. Пржените крилца ги отцедуваме на кујнски бришач, а потоа ги ставаме во тавче за печење и ги оставаме да стојат на топло во рерната. Ги пржиме и останатите крилца.

Во помала тава го растопуваме маслото, табаското, оцетот и медот, за да добиеме густ и леплив сос. Откако ќе ги испржиме сите крилца, ги преливаме со сосот, промешуваме и ги послужуваме со салатата од зелка.