Мини такоси
Tea подготви мексикански рецепт - мини такоси, кој е одличен избор да го направите за мезе со вашите најблиски.🌮🌮
Брзо се подготвуваат и се навистина вкусни.
П.С. Со остатокот од тортиљите можете да си направите тортиља чипс во комбинација со гвакамоле.

Процес на подготовка
Во загреано масло ставете го ситно исецканиот кромид да се пржи и по 2 минути пржење додадете го и месото. Посолете и зачинете со мешаниот сув зеленчук и зачин за тако.
Од тортиљите направете кругчиња, а потоа на задната страна на тавче за печење мафини наредете ги и ставете го да се печат во загреана рерна на 200 степени 5-10 минути.
Кога ќе се испечат во секое ставете малку мелено месо, малку пченка, малку домати, малку згмечено авокадо, малку павлака и малку рендан кашкавал.
На здравје и уживајте!