Печено пиле со нектарини

Печено пиле со нектарини

Процес на подготовка

Пилето го премачкуваме со масло и го триеме со сол и црн пипер. Во длабок огноотпорен сад ја истураме коцката за супа и го ставаме пилето. Околу пилето ги распоредуваме гранчињата рузмарин и садот го покриваме со капак или алуминиумска фолија (фолијата не смее да го допира пилето). Го ставаме рерна и го печеме на 200 °C околу 1 час и половина.

Садот го вадиме од рерна, ги додаваме нектарините исечени на четвртини и во отворен сад печеме уште 20 минути, за да добие пилето убава златно жолта боја и за да не станат нектарините многу меки.