Пиле печено во сено
Пиле печено во сено
Процес на подготовка
Пилето го миеме, го сушиме и во него ја втриваме солта и црниот пипер.
Во тавчето правиме „гнездо“ од сено, во него ги ставаме граничињата босилек, ловровиот лист, жалфијата и неизлупените чешниња лук. Во посебен сад ја загреваме маста и со неа го преливаме пилето за да почне кожата да се стврднува.
Тавчето го ставаме во загреана рерна и на 220 °C со вклучена функција горна скара печеме околу 10 минути за да се зарумени убаво пилето. Потоа пилето го превртуваме и го печеме и на другата страна околу 10 минути. Тавчето го покриваме и пилето го печеме на 160 °C со вклучена функција вентилатор околу 60–70 минути. Во текот на печењето пилето по потреба го полеваме со течноста за супа.
Каде да најдам сено?
За овој рецепт користиме колку што е можно поквалитетно сено, коешто не е обработено со штетни препарати. Препорачуваме да се користи еколошко сено. Ако во близина нема фарма каде што би можеле да најдеме малку такво сено, може да побараме во поголема продавница за мали животни.
Рецептот го приготви: Бригита Мајцен Пеклар, Словенија
Рецептот е од книгата "Мириса на дома"