Пиле врз сол

Пиле врз сол

Процес на подготовка

Пилето го миеме и го сушиме. Во тавче ја истураме крупната сол. Пилето нежно го ставаме врз измазнетата сол и го печеме на 200 °C околу 1 час. Во текот на печењето не го вртиме.

Колку време го печеме?

Времето за печење на пилето го проценуваме така што ќе го измериме пред печењето. Секои 500 гр. пиле значат околу 30 минути печење.

 

Сол со билки

Пилето може да го испечеме и врз сол со билки, коишто ќе му дадат арома. Во килограм крупна сол додаваме гранчиња од свеж рузмарин и мајчина душица, 2 лажици семки од анасон, 1 лажица семе од коријандер, неколку гранчиња сува жалфија, којашто ја дробиме и рендана кора од 2 лимона.