Пилешка цезар салата

Пилешка цезар салата

Процес на подготовка

Пилешкото месо го сечеме на долги и тесни ленти. Месото го мачкаме со мешавината од трите лажици маслиново масло, сокот од лимон и една четвртина лажичка сол. Оставаме да одмора во маринадата, додека ги подготвуваме другите состојки.
Салатата ја чистиме, ја миеме, ја сушиме и ја кинеме на парчиња со големина по желба. Од парчињата леб ја отстрануваме кората. Лебот го сечеме на ленти, го запекуваме во намрсена тава и го сечкаме на коцки. Во истата тава набрзина ги запекуваме парчињата панцета за да станат крцкави.
Јајцата ги ставаме во студена вода, чекаме да зоврие, ги вариме во жешката вода ги вариме една минута, а потоа веднаш ги ставаме во студена вода. Ги лупиме и едно јајце оставаме настрана, а другото заедно со филетите инчуни ситно го сечкаме. Подготвуваме прелив за салата од маслиновото масло, сокот од лимон, ворчестер сосот, сенфот, црниот пипер, згмеченото чешне лук, јајцата и инчуните.
Пилешкото месо го пржиме во намрсената тава. Додека се пржи го превртуваме за да се испече рамномерно од сите страни. Зелената салата ја преливаме со преливот за салата и убаво ја мешаме. Го додаваме прженото место, запечениот леб и панцетата и сето заедно го промешуваме. Јадењето го сервираме на чинии и го посипуваме со рендан пармезан.