Пилешки паприкаш со кнедли од гриз

Пилешки паприкаш со кнедли од гриз

Процес на подготовка

Во сад на маслиново масло го препржуваме исечканиот кромид и го додаваме месото. Посолуваме. Месото го препржуваме и додаваме малку вода. Зачинуваме со исечканиот тимијан и мајоран. Го додаваме црвениот пипер и сосот од домати и на свежите пиперки исечкани на коцки. Мешаме и го додаваме магдоносот. Вариме во покриен сад. Во лонче го растопуваме путерот и го додаваме брашното и со запршката го згуснуваме паприкашот. Ја додавам павлаката за готвење и сокот од лимон. Го вариме уште малку и паприкашот е подготвен.

Кнедли од гриз со сирење и магдонос

Го ставаме млекото за зоврие и му го додаваме путерот, откако путерот ќе се растопи, го додаваме гризот. Мешаме за да се свари гризот и го претураме во поголем сад за да се излади смесата. Го рендаме сирењето и го додаваме во гризот. Го додаваме и 1 јајце, исечканиот магдонос, солта и црниот пипер. Со рака формираме мали кнедли и ги ставаме во зовриена вода, каде што ги вариме од 5 до 7 минути.  

Послужуваме заедно со паприкашот.

Пријатно!