Пилешко бурито

Кога немате идеја а и време за припрема на ручек пилешко бурито е правиот избор Tea ни припреми пилешко бурито на нејзин начин 🌯

Пилешко бурито

Кога немате идеја а и време за припрема на ручек пилешко бурито е правиот избор Tea ни припреми пилешко бурито на нејзин начин 🌯

Процес на подготовка

Пилешкото филе се сече на ленти, се пржи и во него се додаваат зачините по вкус.

Во некои од маркетите се продаваат зачини за бурито (такоси), па може да искористите и таков зачин. Доматот и крставицата ги сецкате на ситни коцки.

Тортиљите ги премачкувате со сос од павлака, мајонез, кечап и сенф, ставате од пилешкото филе, марула, пченка, црвен грав, крставички, домати и рендан кашкавал. Убаво затворете ги тортиљите и така подготвена, потпечете ја на тостер или на тавче за палачинки или во рерна.

На здравје и уживајте!