Плескавица од мисиркино месо во лепче полнета со моцарела

За правите гурмани припремивме неодлови рецепт со мисиркина плескавица

Плескавица од мисиркино месо во лепче полнета со моцарела

За правите гурмани припремивме неодлови рецепт со мисиркина плескавица

Процес на подготовка

Во длабок сад ставете го брашното и измешајте го со солта. Во средината направете дупка и во неа ставете ги млаката вода, шеќерот, квасецот и маслото. Измешајте и оформете тесто. Покријте го садот со крпа и оставете го да стасува 20-30 минути.


Месото ставете го во длабок сад и во него додадете ги кромидот ситно исецкан, пиперката ситно исецкана, јајцето, лебните трошки и зачините. Убаво измешајте и поделете ја смесата на два дела. Во тавче на мрсна хартија ставете го едниот дел во форма на голема плескавица.Врз неа ставете ја моцарелата и потоа поклопете ја со останатото месо. Формирајте голема плескавица и ставете ја да се пече во загреана рерна на 250 степени 15-20 минути.

Од тестото развлечете округла кора. Во средината ставете ја плескавицата и околу затворете ја со тестото. Ставете ја да се пече додека да се испече тестото.

На здравје и уживајте!