Сочни пилешки увијачи

Сочни пилешки увијачи

Процес на подготовка

Пилешките надкопани исчукајте ги, посолете ги и намачкајте ги со сенф од двете страни.

Во средината на секој надкопан ставете парче кашкавал и замотајте ги како ролатчиња. Одозгора завиткајте ги со сланина и секој од увијачите посебно завиткајте ги со фолија. Наредете ги во тавче за печење и ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени 30 минути.

Потоа извадете ги од фолија, премачкајте ги со мед и вратете ги уште 10 минути во рерна за да се карамелизираат.

На здравје и уживајте!