Топла пилешка супа со кнедли

За ладните есенски денови кои ни следуваат Tea ни припреми топла пилешка супа со кнедли 👩‍🍳🍵

Топла пилешка супа со кнедли

За ладните есенски денови кои ни следуваат Tea ни припреми топла пилешка супа со кнедли 👩‍🍳🍵

Процес на подготовка

Пилето поделете го на делови и ставете го да се вари во тенџере со вода и малку сол. Откако ќе се свари од месото отстранете ги коските и кожата, а водата во која се вареше зачувајте ја за супата.

Во мал длабок сад искршете го јајцето и изматете го со вилушка. Во него додадете масло и мешан сув зеленчук, а потоа постепено мешајќи додавајте го гризот (смесата не треба да биде многу густа). Оставете го настрана за да набабри.

Во тенџере на оган ставете малку масло и морковите исецкани на кругчиња. Оставете ги да се пропржат некоја минута додека да пуштат боја, а потоа додадете ја водата во која се вареше пилето. Во неа додадете ги коренот од целер и пашканатот изрендани на крупната страна од рендето, зачинете и додадете го месото.                                            Откако ќе почне да врие тргнете го тенџерето на страна и со мала лажичка почнете да ставате од смесата за кнедли во супата. Потоа вратете ја на тивок оган супата и оставете ја да поврие 15 минути. На крај додадете исецкани листови целер и бибер.

Доколку сакате да направите помала количина на супа, со копанчињата и плешките направете си ориз во рерна.

На здравје и уживајте!