Здравје и хигиена
Иако се смета дека месото од живина не бара многу подготовка и е лесно за приготвување, важно е како го приготвувате, ако сакате вашиот оброк да биде безбеден.
Хигиената како приоритет број еден
Хигиената е основата на безбедното приготвување на храната. Важно е секој оброк да го приготвувате со чисти раце и на чиста работна површина.
- Измијте ги рацете со сапун и топла вода. Повторете ја постапката неколку пати во текот и после подготовката.
- Користете детергент за садови и жешка вода за да го измиете целиот кујнски прибор, лажиците и виљушките, садовите, штиците за сечење и работната површина кои биле во контакт со сировото месо за да спречите појава и развој на опасни бактерии.
- Осигурете се дека сокот од свежото месо од живина не се цеди во вашиот ладилник. Доколку се случи тоа, веднаш избришете ја површината.
- Експертите препорачуваат користење на различни штици за сечење, чинии и кујнски прибор за сировото и зготвеното месо за да се спречи пренесување на бактерии од сировото на зготвеното месо, каде што тие веќе биле уништени со термичката обработка.
- Пресечете го месото од живина на четири, шест или осум парчиња во зависност од големината (многу малите пилиња преполовете ги). Користете нож или ножици за живина.