Пилешки гради

Пилешки гради
Одличниот колбас од пилешки гради е идеален за вкусен сендвич со малку маснотии. Во зависност, се разбира, од состојките што ќе ги додадете во него. Колбас од пилешки гради е совршен за семејство кое сака да ужива во заеднички појадок со лесни деликатеси од пилешко месо.
Совет за подготовка
Направете си вкусен тост сендвич. Ставете парче леб врз растопениот путер, потоа додадете пилешки гради, сирење и домати и уште едно парче леб одозгора. Пржете неколку минути од двете страни за да се стопи сирењето.