Правно известување
Перутнина Птуј ја почитува приватноста на посетителите на веб-сајтот. Вашите лични податоци нема да бидат позајмувани, продавани или откривани на трети лица.
Ве известуваме дека наградните игри се изведуваат во соработка со надворешни даватели на услуги. Во таквите случаи вашите лични податоци ќе бидат предмет на обработка од страна на имплементаторот на наградната игра. Ви гарантираме дека собраните податоци ќе бидат користени исклучиво за целите на наградната игра.
Секогаш можете да го откажете добивањето новини и е-пошта на вашата адреса за е-пошта со едноставно кликање на функцијата за откажување на дното на примената е-пошта од нас.
Перутнина Птуј ги задржува авторските права на содржината објавена на нејзините веб-страници. Содржината на нашите веб-страници не смее да се менува или да се објавува на веб-страниците на друга компанија. Содржините не смеат да се копираат за јавни или комерцијални намени.
Информациите на нашите веб-страници се подготвувани со големо внимание. Перутнина Птуј д.д. не презема одговорност за користењето на кој било дел од содржините за разни намени. Користењето на содржините објавени на нашите веб-страници е на сопствена одговорност на корисникот.
Преземањето програми или информации од нашите веб-страници е на сопствена одговорност на корисникот. Перутнина Птуј д.д. не презема никаква одговорност за можни штети предизвикани од користењето на датотеки или информации од веб-страниците. Исто така, не преземаме никаква одговорност за можни компјутерски вируси што можат да се појават при копирањето датотеки или информации од нашите веб-страници.
Веб-страниците на Перутнина Птуј содржат веб-врски до веб-страници на други компании со цел да овозможи пристап до дополнителни извори на информации. Перутнина Птуј не е одговорна за содржината на веб-страниците на другите компании кон кои дава веб-врски. Доколку содржината на таквите страници доведува до забуна, веб-врската до нив ќе биде отстранета најбрзо колку што е технички можно.
Перутнина Птуј д.д. и нејзините подружници се сопственици на сите трговски марки објавени на нашите веб-страници. Не е дозволено трети страни да ги користат трговските марки или логотипови.