Политика за заштита на лични податоци
Оваа Политика за приватност на личните податоци дава информации за начинот на кој Перутнина Птуј ДООЕЛ Скопје ги собира, управува, обработува и користи податоците собрани при посета на нејзината веб страница https://www.perutnina.com/mk
Перутнина Птуј ДООЕЛ Скопје преку нејзината веб страница не собира лични податоци за Вас. При посета на страницата, имајќи ја предвид природата на интернетот, се собираат податоци кои ги евидентираат корисниците, но тие сами по себе не се доволни за да се идентификува одредено лице бидејќи претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата, односно даваат само податоци за навигација. При посета на страницата на серверот се создаваат логови кои ги содржат следните податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на оваа веб страница и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на оваа веб страница и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страницата на Перутнина Птуј ДООЕЛ Скопје;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Време на чување на собраните податоци
Сите серверските логови во кои се содржани сите навигациски податоци за вашата посета автоматски се бришат при напуштање на нашата страница.
Безбедност на податоците на интернет
Сериозно ја сфаќаме безбедноста и преземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери.
Промени во политиката за приватност на личните податоци
Перутнина Птуј ДООЕЛ Скопје има право да ја ажурира оваа Политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на веб страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница.
Прифаќање на условите
Со користење на веб страницата, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Континуирано користење на веб страницата, по промените на оваа Политика ќе се смета за Ваше прифаќање на дадените промени.
Образец за согласност за обработка на лични податоци
Образец за повлекување на согласност за обработка на лични податоци
Офицер за заштита на лични податоци:
Тина Трпковска
tina.trpkovska@perutnina.eu
T:+389 2 321 8498