Лепчиња со мисирка врз пивски компири

Лепчиња со мисирка врз пивски компири

Процес на подготовка

На меленото месо од мисирка му ги додаваме лебните трошки, јајцето, киселата павлака, солта, црниот пипер и црвениот пипер и мешаме за да добиеме компактна маса, од којашто правиме ќофтенца. Ги пропржуваме во тава на масло, а потоа ги ставаме во чинија, а на истото масло во тавата го пржиме исечканиот кромид којшто потоа го ставаме во огноотпорен сад.

Компирите ги чистиме, ги лупиме, ги сечкаме на парчиња по желба и ги зачинуваме со мешан зачин. Ги ставаме врз пржениот кромид и ги залеваме со пиво. Додаваме уште 1,5 дл вода. Одозгора ги ставаме запечените лепчиња и садот го покриваме со алуминиумска фолија. Печеме во рерна со вентилатор на 200 ºC околу 40 минути, а потоа фолијата ја отстрануваме и јадењето го запекуваме уште 10 минути.

Најдобар мешан зачин

Мешаниот зачин за компири може да го подготвиме самите и да го чуваме во добро затворен сад. Препорачуваме да измешате сол, црвен пипер, лук во прав, рузмарин, мелен црн пипер и малку пченкарно брашно.