Чување месо од живина

Свежото или приготвеното месо од живина и оброците можат да се чуваат во ладилник или замрзнувач, а во исто време треба да се следат неколку важни упатства.

Чување свежо месо

Производителите се обврзани да го обележат месото со инструкции за чување и готвење, коишто треба да ги следите за да направите вкусен и здрав оброк.

  • Одделете го месото од живина од другата храна. Не складирајте свежо, сирово месо од живина заедно со другата храна.
  • Извадете го месото од живина од пакувањето и чувајте го во покриен пластичен сад.
  • Ставете го месото од живина во најладниот дел од ладилникот, на најдолниот рафт.

Чување зготвено месо

  • Остатоците од оброците од месо од живина ставајте ги во ладилник во рок од два часа и консумирајте ги во рок од три дена, или фрлете ги.
  • Чувајте го месото од живина во домашниот ладилник на 4°C.
  • Зготвеното месо од живина можете да го чувате во замрзнувач 4 месеци.
  • Кога замрзнувате зготвено месо од живина, означете го садот со датум.
  • Осигурете се дека садот е цврсто затворен.
  • Изладете ја храната пред да ја замрзнете.
  • Чувајте го месото во замрзнувач на -18°C.

Одмрзнување

  • Ставете го замрзнатото месо од живина во покриен сад и сместете го во фрижидер за полека да се одмрзне.
  • Не го одмрзнувајте замрзнатото месо на собна температура. Одмрзнувајте го во ладилникот, под млаз ладна вода во оригиналното пакување или во микробранова печка.
  • Времето на одмрзнување зависи од количеството на месото.
  • Никогаш не заборавајте: не можете повторно да го замрзнете сировото месо откако еднаш сте го одмрзнале.