Исхрана без глутен
Целијачната болест е автоимунолошко нарушување на тенкото црево (оштетување на цревата поради глутен) и во последно време е една од најчестите болести на дигестивниот тракт кај децата, но и кај возрасните.
Препознавање на целијачната болест
Целијачната болест може да се манифестира со многубројни симптоми, од абдоминално надувување, хронична дијареја, течна и пенеста столица со лош мирис, анемија, губење на тежина до промена на расположение и слаба концентрација. За жал, најголемиот број пациенти имаат нетипични или слабо манифестирани симптоми и затоа, цел живот живеат без да знаат за нивната болест. Присуството на анти-глијадински антитела може да се детектира со брз тест за целијачна болест (резултатите се добиваат за неколку минути).
Живот со целијачна болест
Единствениот докажан успешен третман на целијачната болест е строга доживотна исхрана без глутен. Пациентот со целијачна болест од својата исхрана мора да ги исклучи сите прехранбени производи кои содржат глутен (пченица, пченица спелта, 'рж, пченица камут, јачмен), како и сите производи што ги содржат овие житни култури во нивниот состав. Како резултат на тоа, воспалението на слузницата на тенкото црево се стабилизира и слузницата се нормализира.
производи без глутен
Најлесниот начин е да се купи производ со декларација дека не содржи глутен. Во таков случај, на производот јасно е означено дека тој не содржи глутен и на него има симбол со прецртан пченичен клас. Тоа значи дека производот е произведен во услови каде што е исклучена контаминација со глутен и секоја серија се проверува за присуство/отсуство на глутен.
Перутнина Птуј соработуваше со Slovensko društvo za celiakijo (Словенечкото друштво за целијачна болест) и заеднички креиравме линија производи без глутен и добивме сертификат за производ без глутен.