Купување месо од живина
Кога купувате месо од живина, треба да обрнете особено внимание на потеклото на месото, рокот на траење и препорачаната температура на складирање.
Здраво и свежо
Месото од живината што го имаме на нашите чинии треба да биде здраво, свежо, со добар квалитет и обработено на правилен начин. Затоа, важно е да бидете претпазливи уште при купувањето месо од живина. Кога купувате храна, обрнете внимание на нејзиното потекло и изберете производи кои имаат етикети за врвен квалитет и за заштита на здравјето. Производителот мора да гарантира дека храната која ја консумирате навистина е здрава и беспрекорна.
Погледнете и помирисајте
За да уживате во вкусен оброк од месо од живина, пред да го купите производот треба детално да го проверите. Месото од живина треба да биде розово или светло црвено по боја, не премногу бледо, затоа што тоа укажува дека месото било предолго време на рафтот. Исто така, месото треба да изгледа еластично и полно. Кога купувате свежо месо, препорачливо е да го помирисате. Во случај да забележите непријатна миризба, треба да изберете друго парче или воопшто да не купувате. Кога купувате пакувано месо, осигурете се дека пакувањето не е оштетено.
Дознајте го производителот
Важно е да знаете од кого го купувате месото. Купувањето од приватни живинарски фармери и на пазарите е најризично, затоа што хигиенските стандарди честопати не се земаат предвид соодветно и потеклото на месото не е секогаш јасно. Купувањето од продавници исто така не е апсолутно безбедно доколку продавачот не ги исполнува сите хигиенски стандарди и упатства. Особено, кога станува збор за пилиња. Сите пилиња одгледани од страна на одгледувачите од Перутнина Птуј се хранат со целосно природна храна за живина, која главно се состои од пченка, соја, пченица, минерали и витамини. Затоа, можеме да кажеме: Здраво пиле за здрав оброк. Здрав оброк за здраво тело.
Купувајте свежо
Во летните месеци, се препорачува да купувате навистина свежо месо во помали количини, затоа што не можете повторно да го замрзнете сировото месо откако еднаш сте го одмрзнале. Освен тоа, во лето, квалитетот и здравјето на купеното месо можат да се загрозат на пат кон дома, кога месото може да се одмрзне на летната жештина. Се препорачува замрзнатото месо да се стави во домашниот ладилник или замрзнувач во рок од 30 минути по купувањето, обезбедувајќи во меѓувреме тоа да не било изложено на високи температури. Предлагаме да користите изолирана термо торба. Месото треба да се чува во фрижидерот не повеќе од два дена. Проверете ја етикетата на пакуваното месо; на етикетата на замрзнатото месо треба да пишува замрзнато месо, а на етикетата за свежо месо треба да пишува свежо месо. Ова е важно, со цел да се спречи продавачот да ви продаде одмрзнато месо од живина како свежо.
Читајте ги етикетите на пакувањето
Кога купувате живина, или која било друга храна, треба внимателно да ги прочитате етикетите на пакувањето. Грижејќи се за потрошувачите, Европската унија ги пропиша податоците што секој производител мора да ги стави на пакувањето. Податоците за рокот на траење се задолжителни со закон и затоа не купувајте месо на чијашто етикета не е наведен рокот на траење. Исто така, воздржете се од купување пакувано месо од живина на чијашто етикета рокот на траење е нечитлив. Исто така, проверете го податоците во врска со производителот или увозникот, составот на пакувањето, масата, серијата и потеклото. Потрошувачите што се грижат за здравата исхрана, исто така, обрнуваат внимание на листата на адитиви што се користат во подготовката на месото.
Податоци за потеклото
Податоците за потеклото и начинот на обработување на месото станаа многу важни во последните години, бидејќи потрошувачите сакаат да знаат каде и како се одгледува живината и како се обработува месото. Сè повеќе и повеќе луѓе купуваат месо со етикети за врвен квалитет, етикети од ветеринари, етикети за географско потекло или етикети за заштита на здравјето. Европската унија го олесни патот до висококвалитетно месо, бидејќи месото со потекло од ЕУ има стандардизирани етикети кои се даваат само на производи кои ги задоволуваат бараните стандарди.