Обезбедуваме непрекинато снабдување
Во Перутнина Птуј и во вонредна ситуација на епидемија на коронавирусот обезбедуваме непрекинато снабдување со производи.
Клучниот столб на секое претпријатие се неговите вработени. И во Перутнина Птуј вработените се тие, коишто со вложување на дополнителни напори, се грижат системот од нива до трпеза да функционира секој ден.
Перутнина Птуј е дел од секторот за прехрана, којшто спаѓа во критичната инфраструктура на државата, како што се и здравството и енергетиката.
Така, и во вонредните околности на епидемијата на коронавирусот ние обезбедуваме непречен тек на производството и непрекинато снабдување со производи. Притоа доследно ги спроведуваме усвоените превентивни мерки за ограничување на ширењето на вирусот и упатствата на јавните стручни институции.
Како регионален производител и како една од ретките компании за производство на прехранбени производи со воведен интегриран производствен процес обезбедуваме безбедност, квалитет и контрола врз производите во целиот синџир од нива до трпеза како секој ден, така и во времето на епидемија на коронавирусот. Со добра соработка и партнерски односи со одгледувачите, добавувачите и деловните партнери, а пред сè со трговците, заедно се грижиме и во вонредна ситуација на граѓаните секој ден на трговските рафтови да им понудиме соодветни производи.
За непречен тек на работата, клучен столб на секоја компанија се нејзините вработени, што особено се манифестира во моменталната вонредна ситуација. Вработените во Перутнина Птуј , пред сè во производствените процеси и процесите на снабдување, се оние, коишто со вложување на дополнителни напори се грижат системот од нива до трпеза да функционира секој ден.