Гурманска салата со пилешко, леблебија, авокадо и сладок компир
Гурманска салата со пилешко, леблебија, авокадо и сладок компир
Процес на подготовка
За маринада ги мешаме медот, сенфот, 2 лажици маслиново масло, 1 сечкано чешне лук, сол и црн пипер. Пилето го сечеме на мали парчиња и ги маринираме 15 минути.
Слатките компири ги лупиме и ги сечеме на мали парчиња со приближно еднаква големина.
Во тава загреваме една лажица маслиново масло и го ставаме пилешкото да се пржи. Кога месото ќе се зарумени, ја додаваме леблебијата, којашто претходно сме ја исплакнале.
Во друга тава ги пржиме слатките компири, зачинети со сол и црн пипер.
Ја длабиме средината на авокадото, половина оставаме настрана, а останатото го гмечиме со виљушка. Додаваме еден ситно исечкан домат и исечкан лук, посолуваме, додаваме црн пипер и промешуваме. Останатата половина од ав авокадото ја сечеме на парчиња, а доматите на коцки. Зелената салата ја чистиме и ја миеме.
Сите состојки ги мешаме во садот, посолуваме, зачинуваме со масло од тиква и балсамичен оцет.