Слатко-лути пилешки пакетчиња

Слатко-лути пилешки пакетчиња

Процес на подготовка

Подготвуваме 4 поголеми парчиња хартија за печење. Зеленчукот го сечкаме, го посолуваме и врз него истураме малку маслиново масло и го ставаме на средината на хартијата за печење.
Пилешките шницли (со дебелина од околу 1 цм) ги посолуваме и ги посипуваме со црн пипер, ги премачкуваме со мед и ги зачинуваме со прстофат лут црвен пипер, оригано и една лажица маслиново масло. По една шницла ставаме врз подготвениот зеленчук, рабовите на хартијата ги свиткуваме заедно ги врзуваме со конец за печење, за да не се отвори пакетчето. Пакетчињата ги печеме на 200 °C околу 30 минути.