Хармоника од компири

Следејќи ја кулинарската инспирација од колегите во Романија.

Хармоника од компири

Следејќи ја кулинарската инспирација од колегите во Романија.

Процес на подготовка

Компирите неизлупени добро ги миеме и потоа 20 минути ги вариме во жешка вода. Ако се помали, ги вариме само 15 минути, а ако се поголеми 25 минути. Откако ќе се сварат ги вадиме од водата, ги лупиме и повеќепати попреку ги засекуваме, но не докрај, за да останат поврзани долу.

 Отворите меѓу засеците наизменично ги полниме со парчиња шунка и кашкавал. Врз секој компир ставаме малку путер и го зачинуваме со сол и црн пипер. Компирите може да ги печеме така што ќе ги завиткаме во фолија или во сад за печење, подмачкан со масло, со капак. Компирите ги печеме на 200 °C околу 30 минути.

 Пред да се испечат компирите, ја тргаме фолијата или го креваме капакот за да може компирите благо да се заруменат. Откако ќе се испечат, ги посипуваме уште и со рендан кашкавал. Го послужуваме со зелена салата, а може да му додадеме и кисела павлака.