Пита со шунка и кашкавал

Пита со шунка и кашкавал

Процес на подготовка

Шунката, сирењето гауда и моцарелата ги сечкаме на ситни парченца и ги мешаме. Го додаваме и фета сирењето исечкано на коцки и повторно промешуваме.
Тркалезното тавче за печење за куглоф го премачкуваме со путерот и го обложуваме со тестото, за да ги покрие дното и ѕидовите на тавчето за печење и да виси преку рабовите на тавчето. Во текот на обложувањето на тавчето листовите тесто ги мачкаме со растопениот путер.
Го додаваме филот и го прекриваме со два листа тесто. Постапката ја повторуваме најмногу трипати, за да добиеме 3-4 слоја фил. Одозгора прекриваме со лист тесто и ги свиткуваме листовите што висат од рабовите.
Во сад најнапред ги матиме јајцата, а потоа ги додаваме млекото и јогуртот и матиме за да се поврзат сите состојки. Посолуваме и додаваме црн пипер. Питата на повеќе места ја прободуваме со нож и ја преливаме со подготвената мешавина. Питата ја печеме на 160 до 170 °C околу 1 час. Пред послужувањето оставаме малку да се олади.
И не заборавајте да ни ја испратете вашата верзија од совршената Поли пита