Пилешки тортиља ролат
Лесен, брз и вкусен тортиља ролат со пилешко филе кој може да го направите за мезе, појадок или вечера.
Толку е едноставен за подготовка што буквално ќе го направите за 5 минути.
Пилешки тортиља ролат
Лесен, брз и вкусен тортиља ролат со пилешко филе кој може да го направите за мезе, појадок или вечера.
Толку е едноставен за подготовка што буквално ќе го направите за 5 минути.
Процес на подготовка
Пилешкото филе сварете го и исецкајте го ситно. Крставичките исецкајте ги ситно. Во длабок сад измешајте ги пилешкото, крставичките, крем сирењето и мајонезот.
Поделете го филот на 3 дела и намачкајте ги со филот тортиљите.
Доколку сакате во средината ставете варени морковчиња и завиткајте ги тортиљите како ролат. Завиткајте ги со стреч фолија и ставете ги во фрижидер 15 минути да се изладат.
Исечете ги ролатите на кругчиња и уживајте во вкусот!
На здравје и уживајте!