Пилав со пиле и ориз

Пилавот е варијанта на рижото, најчесто се готви со месо. Во споредба со рижотото, кај коешто течноста се додава постепено и оризот се меша цело време, кај пилавот водата се става целата одеднаш, за да го покрие оризот и се готви додека не ја впие целата течност.

Процес на подготовка

Пилето, морковите, ловровите листови и црниот пипер во зрно околу 40 минути ги вариме во посолена вода.

Во длабок огноотпорен сад ставаме масло и го препржуваме исечканиот кромид. Го додаваме оризот и пржиме уште 5–6 минути. Во садот го ставаме вареното пиле и сето тоа го залеваме со водата во којашто се вареше пилето (соодносот на ориз и вода нека биде 1 : 3). Варениот морков го сечкаме и го ставаме во садот.

Садот го ставаме во рерна и печеме на 200 °C околу 45 минути, односно толку време колку што е потребно водата да испари и оризот да омекне. Садот не го покриваме за да може оризот убаво да се запече одозгора.

Рецептот го приготви: Стефан Шишовски

Рецептот е од книгата: "Мириса на дома"