Пилешко месо а ла боба

Пилешко месо а ла боба

Процес на подготовка

Во длабоко тенџере загреваме 5 лажици масло и на него го препржуваме месото. Месото го ставаме на чинија, а во тенџерето додаваме една лажица масло и на него ја го препржуваме ситно исечканиот кромид и исечканиот морков.

Кога ќе омекне кромидот, ги додаваме исечканите пиперки, исечканиот лук, грашокот (ако користиме замрзнат го додаваме истовремено со пченката) и исчистената и исечкана боранија. Кога ќе омекне зеленчукот, во тенџерето ги додаваме пченката и печеното месо и динстаме 10 минути. По потреба додаваме од течноста за супа. Посолуваме, додаваме бибер, прстофат рузмарин, магдонос, босилек и два листа жалфија. По 10 минути го тргаме јадењето од оган и додека е сеуште топло го послужуваме.

 

Рецептот го приготви: Слободанка Станоковиќ

Рецепт од кингата "Мириса на дома"