Пиле во сос од модар патлиџан

Пиле во сос од модар патлиџан

Процес на подготовка

Пилето го миеме и го сечеме на парчиња.

Во тава загреваме маста и на неа го препржуваме исечканиот кромид за да се зарумени. Го додаваме лукот и благиот црвен пипер, малку препржуваме и ги додаваме парчињата пилешко. Посолуваме и полека динстаме, додека не омекне месото. По потреба додаваме вода.

Додека месото се динста, во посолена вода ги вариме модрите патлиџани цели, за да омекнат. Тоа трае од 15 до 20 минути. Варените модри патлиџани ги сечеме надолж, го издлабуваме месото од лушпата и го миксираме со потопен миксер. Го додаваме во тенџерето со пилето и сето заедно го вариме уште 20 минути. Посолуваме и додаваме црн пипер по вкус, а ако модриот патлиџан е кисел, додаваме и малку шеќер.