BBQ копанчиња - лижавчиња

Неодоливо вкусни и крцкави BBQ копанчиња - лижавчиња подготвени од вештите раце на Tea

BBQ копанчиња - лижавчиња

Неодоливо вкусни и крцкави BBQ копанчиња - лижавчиња подготвени од вештите раце на Tea

Процес на подготовка

Од горниот дел на коската на копанчињата отстранете ја кожата. Делот со месото оставете со кожа и зачинете го со мешавина од зачините. Завиткајте ги со сланина, а одголената коска со алуминиумска фолија и ставете ги да се печат на решетка во загреана рерна на 200 степени 40 минути. Потоа извадете ги од рерна премачкајте ги со мешавина од BBQ сосот и медот и вратете ги во рерна да се запечат 10 минути на 250 степени.
Послужете ги со свежа салата или мешавина од павлака и мајонез и уживајте во вкусот.
На здравје и уживајте!