Пилешки паприкаш со домашни кнедли

Пилешки паприкаш со домашни кнедли

Процес на подготовка

Кромидот, лукот, морковите и коренот од пашканат ги сечеме ситно, ги посолуваме и ги динстуваме на загреана мешавина од маслиново и сончогледово масло.

Кога зеленчукот ќе омекне, го додаваме брашното, виното, пилето, црвениот пипер, солта и црниот пипер. Залеваме со вода за да се покријат сите состојки и на тивок оган динстаме околу половина час.

По половина час ја додаваме уште исечканата пиперка и парчињата компири, пелатите и лавровиот лист. По потреба додаваме вода, зачинуваме и вариме уште половина час.

 

Кнедли

2 јајца

4 лажици брашно

сол

масло

Кнедлите ги подготвуваме така што јајцата ги матиме со малку сол и додаваме брашно. Смесата добро ја мешаме и ја ладиме во ладилник. Изладената смеса ја обликуваме со лажиче и кнедлите една по друга ги додаваме во жешка вода во поголемо тенџере. Кнедлите ги вариме 5 минути.