Пилешки копани во сос од црвено вино со грозје

Пилешки копани во сос од црвено вино со грозје

Процес на подготовка

За сосот во сад ги мешаме виното, медот, маслиновото масло, сенфот и ѓумбирот.
Слаткиот компир го лупиме и го сечкаме на коцки со големина од 2 цм, а тиквичката на тркалца со дебелина од 1 цм. Грозјето го миеме и внимателно го сушиме со хартиен бришач.
Во подлабоко тавче го ставаме месото, коешто добро сме го посолиле, го преливаме со подготвениот сос и ги додаваме зеленчукот и грозјето. Тавчето го покриваме со капак или алуминиумска фолија. Печеме во рерна околу 1 час и половина на 200 °C. Потоа го отстрануваме капакот и печеме уште 20 минути за да добие пилето златно жолта боја.