Бафало пилешки крилца

Овие бафало крилца се одлично мезе за дружба со пријателите. Испечете си крилца, изладете си пивце, поканете си го вашето друштво и уживајте заедно. Имајте убав и забавен викенд! 🤩🍻

Бафало пилешки крилца

Овие бафало крилца се одлично мезе за дружба со пријателите. Испечете си крилца, изладете си пивце, поканете си го вашето друштво и уживајте заедно. Имајте убав и забавен викенд! 🤩🍻

Процес на подготовка

Крилцата убаво измијте ги и поделете ги на пола, одвојте ги копанчињата од горниот дел. Посолете ги и наредете ги во тавче на мрсна хартија.

За дип сосот измешајте ги павлаката, мајонезот и синото сирење и ставете го во фрижидер да се излади.
Во тавче на рингла ставете го путерот да се стопи и во него додадете ги доматното пире, bbq сосот, соја сосот и ворчестер сосот. Убаво измешајте ги да се соединат и тргнете го на страна.

Со овој сос премачкајте ги крилцата и ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени 20 мин. Потоа превртете ги, премачкајте ги уште еднаш вратете ги да се печат уште 10-15 минути. На крај уште еднаш премачкајте ги со сосот од двете страни и послужете ги во комбинација со дип сосот, парчиња морков и парчиња целер.

На здравје и уживајте!