Пилешки шницли со лук и сенф
Пилешки шницли со лук и сенф
Процес на подготовка
Пилешкото филе го сечеме на шницли, го зачинуваме со сол, црн пипер и го премачкуваме со сенфот. Врз шницлите истураме масло и ги оставаме да одморат неколку часа во ладилник.
Во тавче на масло ги препржуваме шницлите. Ги полеваме со малку вода, го додаваме исечканиот лук и динстаме, додека шницлите не станат меки. Ги послужуваме со њоки (рецепт на страница XY) или тестенини.