Печени пилешки гради со моцарела, домат и босилек
Кога ќе почувствувате мирис на поховано пилешко и сакате да мириса како да сте некаде на морска тераса. Уживајте во подготовката. Добар апетит!
Печени пилешки гради со моцарела, домат и босилек
Кога ќе почувствувате мирис на поховано пилешко и сакате да мириса како да сте некаде на морска тераса. Уживајте во подготовката. Добар апетит!
Процес на подготовка
Пилешките гради ги преполовуваме и оформуваме џеб, којшто го полниме со ренданата моцарела. Месото го премачкуваме со малку маслиново масло и го зачинуваме со сол, црн пипер, оригано, црвен пипер и сок од лимон.
Месото го валкаме во брашно, матени јајца и лебни трошки. Го пржиме на жешко масло, околу 3 до 4 минути од секоја страна, за да се создаде златна коричка.
Дното на огноотпорен сад го прекриваме со пасираните домати, а врз нив го ставаме прженото месо. Ги додаваме мини моцарелите, измиените чери домати, ливчињата босилек и врз него истураме неколку капки маслиново масло. Пилешките гради ги посипуваме со парчиња моцарела и во рерна печеме на 180 °C околу 20 минути.
Рецептот го приготви: Михаи Ботан, Романија
Рецептот е од книгата "Мириса на дома"