Пилешки копан со надкопан и ориз во тава

Секоја жена сака кога готви да извалка што е можно помалку садови, за да не треба потоа да стои над мијалникот многу време. Ова е еден од оние рецепти подготвени во еден сад, воедно е брз, лесен и вкусен.

Процес на подготовка

  1. Копаните малку засечете ги, а потоа премачкајте ги убаво со мешавина од зачини ( сол, црн пипер, црвен пипер и размарин) и малку масло и сок од половина лимон. Оставете ги некоја отстојат колку може повеќе за убаво да се маринираат.

  2. Вака маринираните копани испржете ги во загреана длабока тава од двете страни додека не фатат убава боја, а потоа тргнете ги настрана.

  3. Во истата тава, пропржете ги насецканите кромид, морков и пиперка.

  4. Потоа, додадете го оризот кој одстојал во вода и зачинете со куркума, сол и црн пипер.

  5. Додадете пилешки бујон, вратете ги испржените копани,парчиња лимон сецкан на кругови, поклопете и оставете на тиха температура околу 25-30 минути да се крчка.