Пржени пилешки палачинки
Пржени пилешки палачинки
Процес на подготовка
Во тенџере го препржуваме исечканиот кромид и лук да добијат златно румена боја, ги додаваме меленото пилешко месо, пирето од домати, солта, зачините и малку вода. Смесата ја динстаме 15 минути.
За палачинките во сад мешаме две јајца, две шолји брашно, пет лажици масло, малку сол и шеќер. Во намрсена тава ги пржиме палачинките.
Палачинките ги филуваме со подготвената смеса, го додаваме ренданото сирење и ги виткаме. Краевите ги свиткуваме навнатре за да не истече смесата.
За пржење подготвуваме чинија со двете шолји брашно, садот со двете изматени јајца и чинија со лебните трошки. На претходно загреано масло ги пржиме палачинките за да се заруменат и ги послужуваме топли.
Рецептот го приготви: Сандра Лаловиќ
Рецептот е од книгата "Мириса на дома"