Пилешка чорба со азиска инспирација „Чорба fusion“

Пилешка чорба со азиска инспирација „Чорба fusion“

Процес на подготовка

Пилето го сечеме на парчиња (упатство на стр. XY). Врз месото ставаме сода бикарбона и го оставаме да одмора 20 минути. Потоа го миеме со вода, го сушиме и го посолуваме.

Во поголемо тенџере на путерот го препржуваме исечканиот кромид, кога ќе стане стаклест го додаваме ситно исечканиот ѓумбир и лукот. Состојките ги пржиме на тивок оган, додека не започнат да се карамелизираат. Потоа го додаваме месото и пржиме од секоја страна 1–2 минути. Го додаваме виното, го покриваме со капакот и оставаме да врие 10 минути на тивок оган.

Го додаваме ситно исечканиот зеленчук за супа и го залеваме со вода, така што ќе ги покриеме сите состојки. Оставаме да зоврие и на тивок оган вариме 20 минути. Потоа го додаваме уште и ловровиот лист и мајоранот и вариме додека месото можеме со виљушка да го одделиме од коските. Чорбата ја тргнуваме од огнот, месото го ставаме во друг сад, а супата ја цедиме низ сито. Зеленчукот (освен лавровиот лист) го пасираме или го миксираме, а месото со виљушка го ситниме на мали парчиња.

Во тенџере ја претураме процедената супа (ќе излезе околу 1 литар), ја додаваме толчената лимонска трева, карито и прстофат чили. Оставаме да зоврие, на тивок оган вариме уште 5 минути, а потоа ги додаваме кокосовото млеко, иситнетото месо и пасираниот зеленчук (да ја процениме количината за да не биде премногу густо). Мешаме и чекаме повторно да зоврие, а по желба посолуваме уште малку. Пред да ја послужиме ги отстрануваме стебленцата лимонска трева и во секоја чинија цедиме по малку сок од лимета и додаваме прстофат чили. По желба додаваме и свеж коријандер.

За да биде помеко месото

Месото пред подготовката го триеме со сода бикарбона, бидејќи таа дополнително го омекнува.