Поховани пилешки прсти со корнфлекс

Сите ги сакаме пилешките поховани прсти и речиси на секоја прослава ги има на трпезата. Тие се омилени меѓу гостите и најбрзо се јадат. Но, комбинацијата на пилешки прсти со корнфлекс и бел сос е неодолива. Толку сочни внатре, а крцкави однадвор. Пробајте еднаш, и верувам дека секогаш ќе ги правите на овој начин.

Процес на подготовка

  1. Пилешкото мини филе на @perutnina.ptuj.macedonia e пакувано на тенки и мали парчиња кои може веднаш да ги маринирате и пржите, или доколку сакате уште потенки доволно е само еднаш на половина да ги пресечете.

  2. Потоа, парче по парче увалкајте ги прво во брашно, на кое ќе додадете сол, црн пипер, црвен пипер и лук во прав, потоа во разматени јајца и на крај во блендиран корн флек ( доколку немате блендер може во сецко или да го ставите во ќеса и исчукате со сукало).

  3. Вака подготвените парчиња пилешки прсти пржете ги во врела зејтин по 1-2 минути од двете страни, а потоа ставете ги на хартија да го собере вишокот масло. 

Подготовка на сос: 

  1. Киселите краставички изрендајте ги, додадете 2-3 големи лажици павлака, 1 голема лажица мајонез, зачинете со сол, црн пипер, лук во прав и оригано, размешајте и сервирајте.