Пилешка пастрмајлија

Штом залади почнува сезона на пастрмајлиии. Теа ви подготви своја верзија - пилешка пастрмајлија со полнета кора и јајце. Поради тоа што тестото е многу меко и воздушесто, ќе уживате додека ја јадете.

Пилешка пастрмајлија

Штом залади почнува сезона на пастрмајлиии. Теа ви подготви своја верзија - пилешка пастрмајлија со полнета кора и јајце. Поради тоа што тестото е многу меко и воздушесто, ќе уживате додека ја јадете.

Процес на подготовка

Во сад измешајте го квасецот со водата и шеќерот и оставете го квасецот 5 минути да се активира. Во длабок сад ставете ги брашното и солта и измешајте. Во средина направете дупка и во неа истурете го квасецот, додадете зејтин и оцет и замесете меко тесто. Тестото покријте го со крпа и оставете го да стасува 1 час.

Во меѓувреме исецкајте го пилешкото на ситни коцки и посолете го.

Откако ќе стаса тестото поделете го на 4 топчиња, покријте ги со крпа и оставете ги да стасуваат 20 минути.

По 20 минути со влажни или мрсни раце растегнете ги топчињата на мрсна хартија, во кората ставете мешавина од моцарела и чедар и завиткајте ја, во средината ставете го пилешкото и врз пилешкото малку маст или путер. Печете ги во загреана рерна на 250 степени додека почне да зацрвенува кората, околу 10-15 минути. Потоа извадете ја од рерна ставете јајце во средината и вратете ја уште 5-10 минути на 200 степени за да се испече јајцето. Откако ќе се испече пастрмајлијата, кората намачкајте ја со маст или путер и завиткајте ја со хартија за печење и ставете ја во кеса 5 минути за да омекне кората.

На здравје и уживајте!