Пилешка супа за душа

Пилешка супа за душа

Процес на подготовка

Пилето го сечеме на парчиња и месото го посолуваме. Целиот зеленчук го миеме, по потреба го лупиме и го сечкаме. Месото и зеленчукот набрзина ги препржуваме на малку масло, а потоа истураме вода, посолуваме и вариме 50 до 60 минути. Варената супа ја прецедуваме.
Од парчињата пиле, коишто имаат повеќе месо, ги отстрануваме коските и месото го враќаме во супата. Ќе добиеме прекрасна бистра супичка за душа, во којашто може да ставиме тоа што имаме при рака или пак да подготвиме солени бисквити за во супа.
Солени бисквити како додаток во супа
Состојки: 200 гр. путер, 12 јајца, 6 лажици павлака, 220 гр. брашно, сол
Путерот и жолчките пенесто ги матиме, ја додаваме солта, павлаката, цврстиот снег од белки и брашното. Смесата ја истураме во тавче и печеме на 200 °C да добие златно жолта боја. Кога бисквитите ќе бидат готови, ги сечеме на ромбови (или друга форма – можеме да користиме калапи за колачи) и ги додаваме во супата, а останатата количина може и да ја замрзнеме.