Пита со пилешко месо

Пита со пилешко месо

Процес на подготовка

Пита со пилешко месо

  1. Начин на подготовка

  2. Пилето ставете го во тенџере и налејте големо количество вода за да се потопи. Додадете 1 мала лажица мешавина од зачини и гответе околу 20 минути, или додека не се свари. Исцедете го вареното пилешко месо (течноста во која е варено за супа) и оставете да се олади. Ситно исечкајте го ладеното пилешко месо, измешајте со  сирењето и тргнете го настрана.

  3. Подгответе округла тава од 30 см или правоаголна форма, и премачкајте ја со масло. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 °C.

  4. Ставете една кора на работната маса, додајте 1 до 2 лажици од смесата на сирење и месо над кората. Ставите уште една кора преку неа, а потоа пак малку полнење. Продолжете додека не го искористите целото полнење. 

  5. Слоевите кора и фил забиткајте ги во ролат, а потоа исечете ги на десет до дванаесет парчиња со дебелина од околу 2 см. Ставете ги парчињата ролат поставени во подготвена тава за печење.

  6. Изматете 3 јајца во сад, додадете ја газирана минерална вода, јогурт и масло и се добро измешајте. Додадете сол и бибер според вкусот, а потоа поставете ја питата во тава за печење во  во загреана рерна и печете околу 40 минути, додека убаво не се зацрвени.

  7. Сервирајте ја питата топла, со чаша јогурт.