Пилешко со портокал и цимет

Комбинацијата на портокал и цимет секогаш потсетува на зима и греено вино.
Теа, овој пат одлучи да експериментира со вкусовите во кујна и да подготви еден празничен рецепт со пилешко, портокал и цимет.

Процес на подготовка

Во длабок сад измешајте ги сите зачини, шеќерот, ѓумбирот, анасонот, сенфот, јаболковиот оцет, кората и сокот од портокал. Копанчињата одвојте ги од надкопаните и ставете ги во кесичка за печење. Во кесичката истурете ја претходно подготвената маринада и заврзете ја кесичката. Убаво измешајте за да се распореди маринадата низ сите копанчиња и надкопанчиња. Ставете ја кесичката во фрижидер и оставете ја да отстои најмалку 3 часа, а најдобро е да стои 24 часа.
Потоа печете ги во загреана рерна на 220 степени 30 минути. По 30 минути извадете ги од рерна, премачкајте ги со сосот од тавчето во кое се печат и вратете ги уште 20 минути. Потоа повторно премачкајте ги со сосот од тавчето и вратете ги уште 10 минути.
На здравје и уживајте во празничниот вкус!