Пилешко со кикирики

Готвиме со Tea припреми рецепт за сите љубители на пилешко и кикирики. Дали сте ја пробале оваа комбинација до сега?😍
Многу едноставен и многу вкусен, а за подготовка на пилешкото потребни ви се само 3 состојки. Гарнир за ова јадење е пире од компир, морков и тиква, но одлично одговара и ориз со мешан зеленчук.😋

Процес на подготовка

Компирите, морковите и тиквата излупете ги, исецкајте ги на коцки и ставете ги да се варат во тенџере со вода и малку сол.

Пилешкото филе со нож отворете го на поголема шницла или исчукајте го. Зачинете го со мешан сув зачин и бибер и ставете го да се пржи во загреано масло.

Во друго тавче ставете ја павлаката и откако ќе почне да врие додадете ги кикириките. Намалете го огинот и оставете го сосот да поврие 5-10 минути со постојано мешање.

Откако ќе се сварат компирите, морковите и тиквата тргнете ги на страна и истурете ја водата која останала во тенџерето. Додадете млеко и мешан сув зачин и убаво изгмечете. На крај додадете го путерот и измешајте.

На здравје и уживајте!