Пилешки желудници во сос од павлака

Пилешки желудници во сос од павлака

Процес на подготовка

Во тава на масло го препржуваме исечканиот кромид, за да се зарумени и ги додаваме желудниците исечкани на мали парчиња. Ја додаваме и ситно исечканата зелена пиперка и зачинуваме.

Залеваме со малку вода и покриено го динстаме околу еден час, а за тоа време повеќепати промешуваме. Кога желудниците ќе омекнат, во сосот додаваме уште 2 лажици кисела павлака и промешуваме.

 

Домашни њоки:

Компирите неизлупени ги ставаме во студена вода и ги загреваме до вриење, а потоа го вариме додека не омекнат (20 до 30 минути) и ги цедиме. Кога малку ќе се изладат ги лупиме и ги гмечиме во голем сад. Го додаваме брашното, на парченца исечканиот путер, јајцата и солта и сето заедно го месиме. На набрашнета работа површина месиме долги валчести ленти, коишто ги сечеме на помали парчиња и малку ги притискаме со виљушка. Њоките ги вариме во голема количина голема осолена вода. Кога ќе испливаат на површината ги вариме уште две минути и ги цедиме.

 

Рецептот го приготви: Рената Ловрак

Рецептот е од книгата "Мириса на дома"