Печена мисирка со сланина

Печена мисирка со сланина

Процес на подготовка

Мисирката ја посолуваме однадвор и одвнатре и ја оставаме да одмора неколку часа.

Мисирката ја ставаме во тавче и ја обложуваме со парчиња сланина. Во сад ја загреваме маста и со неа ја преливаме мисирката. Ја печеме во рерна на 180 °C до 2 часа. Во текот на печењето ја преливаме со супа или со коцката за супа.

Кога ќе се испече мисирката го истураме вишокот мрснотија во сад и додаваме малку жешка вода. Со тој сок по желба го полеваме исечканото месо кога ќе го послужиме.

 

Рецептот го подготви Кеснија Арбајтер

Рецептот е од книгата Мириса на дома