Рижото со пиле и тиквички

Рижото со пиле и тиквички

Процес на подготовка

Тивкичката ја сечкаме на коцки, коишто ги препржуваме во намрсена тава, за да добијат златно кафена боја. Ги ставаме на чинија и ги посолуваме. Во истата тава ги препржуваме уште и пилешките гради исечкани на коцки, исечканиот кромид и лукот. Посолуваме и го додаваме оризот, којшто го препржуваме, за да добие стаклест изглед.

Оризот го преливаме со една кутлача течност за супа и го вариме додека не ја впие целата вода. Повторно го преливаме со една кутлача жежка течност за супа и мешаме. Постапката ја повторуваме додека оризот не омекне.

На крајот го додаваме уште и замрзнатиот грашок, црниот пипер, мајчината душица, кората од лимот, ги додаваме веќе препржените тиквички и голема лажица масло. Добро промешуваме за да добиеме кремливо рижото и веднаш го послужуваме.