Детокс чорба
Детокс чорба
Процес на подготовка
Зелката ја ставаме во лонец, ја преливаме со студена вода, го додаваме лаворовиот лист, црниот пипер во зрно и вариме најмалку половина час. Компирот го лупиме, го сечкаме на коцки и го вариме во студена вода додека не омекне. Откако зелката ќе се свари, ги додаваме гравот и компирите. Компирите малку ги гмечиме, за да биде чорбата погуста. Пилешкиот чаден колбас го додаваме во чорбата и го вариме 5 минути, а потоа го сечеме на тркалца и повторно го додаваме во лонецот. Полека го вариме уште 10 минути за да се спојат вкусовите. Подготвуваме запршка со подобрен вкус. На свинската маст благо го препржуваме црвениот пипер и брашното. На крајот го додаваме и лукот и пржиме додека не почне да мириса. Веднаш додаваме бело вино и оставаме алкохолот да зоврие. Запршката потоа ја додаваме во чорбата и вариме уште неколку минути за да се поврзат вкусовите.
Чорбата ја послужуваме топла.
Пријатно!