ДОМАШНА ПИЛЕШКА СУПА
ДОМАШНА ПИЛЕШКА СУПА
Процес на подготовка
Пилешкото месо ставете го во големо тенџере, наполнете го со ладна вода, покријте го и оставете го на тивок оган да се готви (околу половина час). Кога водата ќе зоврие и ќе почне да создава пена на површината, отстранете ја пената и додадете лупен зеленчук, кромид кој што малку е запржен на слаб оган и гответе час и половина, се додека месото и зеленчукот целосно не омекнат.
Кога супата е сварена, се вадат месото и зеленчукот , се процедува . Кнедлите се спремаат за 15-20 минути додека не омекнат.
Подготовка на кнедли: Прво се мати белката со вилушка (со малку сол), потоа се додава жолчката и малку подоцна лажица гриз. Обично се потребни околу три и пол лажици гриз по јајце, но тоа зависи многу од големината на јајцето. Смесата се остава околу 15 минути за гризот малку да порасне, а потоа со лажица се зема од мешавината малку по малку се спушта во супата. Прво, се става лажицата во супата да се намокри и да се загрее, а потоа се зема малку од мешавината, и се става во супата така што кнедлите нежно се одделуваат од лажицата...
Месото и морковите од супата се сецкаат на мали парчиња во чинијата за супа и се полеваат со сварената супа и кнедли.
Пријатно!