Филувани јајца без мајонез

Филувани јајца без мајонез

Процес на подготовка

Тврдо варените јајца ги сечеме на половина и внимателно ги отстрануваме жолчките. Ги ставаме во садот за миксер. Белките ги ставаме во чинија.
Во садот од миксерот ја ставаме паштетата, крем сирењето и половина чајна лажичка црвен пипер. По желба додаваме и малку црн пипер. Сето заедно го мешаме за да добиеме мазен крем, го ставаме во кесичка за филување и со него ги полниме половините белки. Одозгора по желба посипуваме уште малку црвен пипер или декорираме со билки и ги послужуваме.